Европски ФудбалФудбал

Парите може да го спасат Куман да остане тренер на Барса и во следната сезона!

Судбината на Роналд Куман во Барселона ќе се знае за 15 дена. Според каталонскиот „Спорт“, добро запознаен со настаните на стадионот „Камп Ноу“, во тој период треба да има средба на управата на клубот со холандскиот тренер.

Се очекува да биде донесена конечна одлука дали 58-годишниот стратег ќе остане на клупата и покрај сезоната во која беше освоен само кралскиот Куп, а тимот пропушти неколку можности да го собори Атлетико Мадрид од лидерската позиција на Примера и доживеа дебакл од ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Според тоа како одиграа Каталонците и прикажаните резултати, разделбата со холандискиот стручњак е сосема очекувана, но истата може да не се случи, бидејќи каталонскиот гигант за да се раздели со Куман ќе треба да исплати 13 милиони евра за предвремен раскин на договорот, пишува „Спорт“.

Првиот состанок одржан во вторникот во просториите на клубот траеше само половина час, што сугерира дека Холанѓанецот испратил јасна порака: целосно обештетување или останување.

Каталонскиот весник презентира и интересни информации од договорот на Куман, според кои може да се заклучи дека поранешниот фудбалер на Барселона минатото лето имал добро подготвен преговарачки тим, кој успеал да добие 5.800.000 евра во случај клубот да го раскине договорот, но и дополнителни 7.200 .000, кои може да ги добие доколку во период од една година биде отпуштен. Значи, вкупно 13.000.000 евра, Барселона ќе мора да плати за разделбата со сегашниот тренер.

Со оглед на финансиската состојба на каталонскиот клуб, прашање е дали ќе може да исплати толку голема сума, можеби Куман, сепак, ќе го преживее отказот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!