ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Пановски: Превалец е добра и искусна екипа на домашен терен, Локомотива е спремна и очекуваме позитивен резултат! (ВИДЕО)

Во недела се игра големото дерби меѓу Превалец и лидерот Локомотива од Градско, во меч од 16. коло од Третата лига – Југ.

Тренерот на Локомотива, Сашко Пановски, во изјава за Спортска Мрежа вели дека Превалец е доста добра и искусна екипа на домашен терен, но Локомотива е максимално подготвена и комплетна за дуелот и очекува позитивен резултат.

„Очекувам да има добра борба, добра игра, знаеме Правелец е доста добра, искусна екипа на домашен терен, така да ќе биде многу тешко. Се надевам на позитивен резултат. Немаме повредени играчи, екипата е комплетна, може да се виде и од самиот тренинг, се работи доста добро, доста напорно и мислам дека ќе успееме да направиме позитивен резултат“, вели искусниот тренер Пановски за Спортска Мрежа.

Локомотива со 34 освоени бодови е на врвот од Третата лига – Југ, додека Превалец со четири бодови помалку е на четвртото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!