Пановски: Почит кон екипата од Братство, ќе дадеме се од себе за победа!

Во недела се игра големото дерби меѓу Братство и Локомотива од Градско, во рамки на 13. коло кое ќе биде последно за есенскиот дел од сезоната. Братство ќе биде под притисок за победа со цел да има полесна пролет и да остане во сериозна трка за првото место. Тренерот на екипата од Градско, Сашко Пановски има почит кон екипата од Братство и вели дека ќе дадат се од себе за да дојдат до победа.
„Големо почитување до екипата од Братство, многу добра екипата, ќе дадеме се од себе, па ќе видиме како ќе биде резултатот“, вели Пановски и додава:
„После 15 јануари започнуваме со подготовките, ќе имаме месец дена и повеќе за да ги оствариме сите подготовките и припреми, да видиме каде, на која позиција ќе се засилиме за да ја исполниме нашата зацртана цел – прво место и Втора лига“, завршува тренерот на Локомотива.