Пановски: Одиме на три бода, Локомотива има големи шанси за Втора лига!

Во недела во Градско се игра натпреварот меѓу домаќинот Локомотива и Големо Коњари, во рамки на 12. коло од Третата лига – Југ. Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Локомотива, Сашко Пановски вели дека во недела одат на три бодови со цел да се држи чекор кон врвот и додава дека клубот има големи шанси следната сезона да игра Втора лига.
„Пристапот е едноставен, одиме на три бода и сметам дека заслужено ќе ги добиеме за да држиме чекор кон врвот. Имаме доста големи шанси за Втора лига, првенството е доста долго, доколку се поклопат сите коцки како што треба, мислам дека Градско следната сезона ќе гледа Втора лига“, изјави Пановски.
Исто така, во изјава за Спортска Мрежа, капитенот на Локомотива, Дарко Иванов вели дека клубот е подготвен за во недела за мечот со Големо Коњари.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе може да се гледа во живо на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од Локомотива.