ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Пандевци“ утре летат за Анталија, договорени четири контролки за турско тло

Академија Пандев утре ќе „летне“ за Анталија, Турција каде ќе бидат на двонеделни подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига. Во Анталија ќе се продолжи со темпирање на формата за пролетниот дел, каде „пандевци“ ќе имаат за цел да обезбедат сигурен опстанок во елитата и да ја освојат Куп-титулата.

Како што пишува Дрнка.МК, за Анталија заминува експедиција од околу 40 члена, фудбалери стручен штаб, но и членови на управата каде веќе се договорени силни пријателски натпревари со прволигашки екипи. На 24. јануари „пандевци“ силите ќе ги одмерат со косовскиот прволигаш Арберија, додека четири дена ќе се соочат со суперлигашот Лвив од Украина. Според програмта на 1. февруари струмичани можно е силите да ги одмерат со Црвена Ѕвезда од Србија, за што се договара терминто, додека ден подоцна Академија Пандев ќе игра со прволигашот Оболон од Киев, Украина.

ФОТО: Дрнка.МК

Инаку на подготовките во Анталија, на струмичкиот прволигаш Академија Пандев ќе се приклучи и младинскиот репрезентативец Бесник Ферати, кој склучи договор на две години со „пандевци“. Станува збор за поранешен играч на Шкендија, а во Академијата доаѓа од Партизани од Тирана, пишува струмичкиот портал Дрнка.мк.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!