ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Пандевци“ убедливи против Вардар, Пелистер убедливо поразен во Струга, реми на скопското дерби

Фудбалерите на Академија Пандев одигра одличен натпревар и стигнаа до убедлива победа над Вардар во рамки на 28. коло од ПМФЛ. Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 14. минута од натпреварот кога судијата Ѓоргиев покажа на белата точка за „пандевци“, а Радески успешно реализираше. Крстовски Марио во 29. минута ја дуплираше предноста на 2:0, а шест минути подоцна Илиќ капитулираше по трет пат откако Стоилов Ѓорги ја стресе мрежата за конечните 3:0.

Скопското дерби меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров заврши без победник откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2. Бразилецот Робсон во 7. минута ја погоди мрежата на Јанков за водство на „лавовите“ од 0:1. По само три минути игра Работнички успеа да се врати и резултатки и играчки со голот на Станковски Лука. Но, Бразилците продолжија да го толчат Работнички, откако Јанков капитулираше по втор пат во 17. минута со голот на Фердандо. Во 29. минута Станковски Марио ги постави конечните 2:2.

Борец на домашен терен загуби минимално од Шкупи со 0:1 со што велешани се блиску до бараж зоната. Стрелец на единствениот гол кој падна во 79. минута беше Нето.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

„Фенерџијата“ Беласица на домашен терен во Струмица беше декласирана со 0:3 од лидерот Шкендија кој лесно и очекувано ја оправда фаворитската улога. Тетовци во 26. минута го отворија резултатот со гол на албанскиот интернационалец Хебај Рубин. Пред крајот на првиот дел Нафиу Ваљмир ја погоди мрежата на Вулиќ за 0:2 на полувреме. По шест минути игра во вториот дел Ќака Камер ги постави конечните 0:3.

Струга Трим Лум со одлично второ полувреме го збриша Пелистер со убедливи 3:0. Во првиот дел од натпреварот во Струга мрежите и на двете страни мируваа. Во 56. минута падна првиот гол од натпреварот за водство на домаќините, а стрелец беше Скендери Емир. Во 82. минута Алтипармаковски Марјан ја дуплираше предноста на домашните. По пет минути игра Тефику покажа на белата точка за стружани, одговорноста ја презеде Таири Фламур кој успешно реализираше за конечните 3:0.

Вчера во воведниот натпревар Ренова во Тетово со 2:1 славеше над Силекс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!