„Пандевци“ со „петарда“ за Работнички, Силекс ја изненади Шкендија, по три бода за Струга ТЉ и Тиквеш

Академија Пандев го „тресна од земја“ Работнички откако „пукна петарда“ (0:5) за убедлива победа на струмичани.
Горан Томовски го отвори резултатот за гостите од Струмица, а Иво Јанакиевски си постигна автогол за дупла предност на Академија Пандев. Ване Крстески пред крајот на првиот дел погоди за 0:3 на полувреме. Во вториот дел Крстески стигна до хет-трик за конечни 0:5.
Шкендија со реми ја започна новата сезона од ПМФЛ, откако ремизираше против повратникот Силекс (1:1). Тетовци први го отворија резултатот преку Дашмир Елези во 17.минута од дуелот. Силекс израмни во 90. минута преку Арсим Љамалари и дојде до голем бод.
Тиквеш минимално (0:1) беше подобар од Победа во соседското дерби одиграно во Прилеп. Александар Мишов е херојот на кавадарчани.
Струга Трим Љум ја совлада Брегалница со минимални 0:1, откако Хоган Укпа го расплака Штип.