ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Пандевци“ со голема победа над Брегалница, триумф за Скопје над Работнички

Со два натпревари денес беше отворено 29. коло од Првата македонска фудбалска лига. Убедлива победа однесе екипата на Академија Пандев која на домашен терен со 2:0 триумфираше над Брегалница и се зацврсти на второто место на табелата и со тоа прави голем исчекор кон излезот во фудбалска Европа.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Резултатот го отвори Бојан Димовски кој во 17. минута од мечот во Струмица ја стресе мрежата на Денковски за 1:0 на полувреме. Во вторите 45. минути „пандевци“ преку Николче Шаркоски дојде до водство од 2:0, а во судиското надополнување Брегалница со гол од пенал намали на конечни 2:1, а од белата точка успешно реализираше Мартин Стојанов.

Скопје забележа голем триумф над Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со гол на Филип Јаневски постигнат во вториот дел од мечот.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите четири натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!