ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
„Пандевци“ со голем триумф над Македонија ЃП ја продолжуваат победничката серија

Академија Пандев денес ја запиша третата последователна победа и избри на седмото место на табелата. Струмичани запишаа голема победа и на гостувањето во Скопје каде со 1:2 беа подобри од Македонија Ѓорче Петров.
Алексаднар Васоски го прероди струмичкиот прволигаш и има одлична серија од позитивни резултати. Најзаслужен за денешната победа е Крстовски Марио кој беше двоен стрелец во 6. и 26. минута.
„Лавовите“ во вториот дел преку нововлезелниот Фазли Самир во 61. минута намалија на 1:2, до крајот на натпреварот правеа голем притисок, но без успех.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Колото ќе биде комплетирано утре, кога ќе бидат одиграни останатите пет натпревари.