„Пандевци“ на тешко гостување во Кратово, дерби меѓу Работнички и Борец

Во среда се игра 16. вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот Шкендија на домашен терен ќе игра против Пелистер. Тетовци ќе важат за големи фаворити на овој меч и ќе се обидат без пораз да го завршат есенскиот дел од сезоната.
Академија Пандев ќе има тешко гостување во Кратово каде ќе ги одмери силите со домаќинот Силекс. Гостите од Струмица немаат победа на теренот во Кратово што ќе биде мотив плус за прва победа и излез од опасната зона. Првиот нивен дуел во Струмица во тековната сезона заврши со минимална победа за Академија Пандев, а во претходното коло двете екипи впишаа порази.
Беласица на домашен терен ќе има тешка задача со актуелниот шампион Вардар. „Црвено-црните“ на последните три натпревари пропуштаат големи шанси за победа и мораше да се задоволуват со бод, па во Струмица доаѓаат доста разиграни и како големи фаворити за победа. Струмичани кој влегоа повторно во голема резултатска криза на последните 5 натпревар имаат едно реми и четири последователни порази.
Во Ѓорче се среќаваат екипите на Македонија Ѓорче Петров и Ренова. „Лавовите“ играат одлична есен и според формата во среда ќе бидат фаворити за победа и три бодови, додека Ренова доаѓа силно мотивирана за победа со цел да направи прогрес кон средината од табелата.
На Националната арена „Тодор Проески“ се среќаваат екипите на Работнички и Борец. „Романтичарите“ после поразот во Струга ќе атакува на победа над расположениот Борец кој игра фантастична есен. Првиот нивен меѓусебен дуел во Велес заврши со реми без голови.
На теренот на Фудбалска Федерација на Македонија екипата на Шкупи ја пречекува Струга Трим Лум. Двете екипи имат одлична форма што ќе понуди неизвесен дуел. Шкупи со 33 бодови е на второто место и ќе мора да атакува само на победа, со цел да остани во чекор со непоразениот лидер Шкендија. Стружани во моментот со 25 бодови се наоѓаат на четвртото место на табелата, па мотивот за победа е голем и кај нив.
Натпреварите ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.