ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Пандевци“ големи фаворити, скопска пресметка, дуел покрај езерото на Струга и Ренова

Денес ќе биде комплетирано 18. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, последно коло за есенската полусезона.

Академија Пандев на домашен терен ќе го брани второто место од Шкендија во меч каде „пандевци“ ќе важат за апсолутни фаворити против „фенерџијата“ Пелистер.

Борец на домашен терен ќе има тежок меч против лидерот Шкупи, се освен пораз за велешани би бил позитивен исход од денешниот дуел со екипата од Чаир.

Скопска пресметка на Националната арена меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров. Двете екипи една против друга ќе бараат продолжување на победничката серија, а со тоа и што подобар пласман на крајот од есенската полусезона.

Шкендија во Тетово ќе се соочи со Скопје, а доколку ја оправда фаворитската улога и ги запише трите бодови, тогаш ќе чека „кикс“ на Академија Пандев во Струмица со цел да презими на второто место на табелата.

Покрај езерото ќе се одигра дуелот меѓу Струга Трим Лум и Ренова. Двете екипи на последните три натпревари немаат триумф, па денес една против друга ќе бараат прекин на лошата серија и враќање на победничките патеки.

Вчера во Кавадарци беше отворено 18. коло со убедливиот триумф на Брегалница над Тиквеш од 1:3.

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!