ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Пандев за последен пат во дресот на Македонија, ќе ја стресе ли одново мрежата на Холандија ?

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вечерва за последен пат ќе игра во дресот на Македонија, по што тој ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Македонија вечерва го игра последниот натпревар на Европското првенство против Холандија, во рамки на 3. коло од групата Ц, а воедно тој натпревар ќе биде последен и за струмичката гордост.

Пандев го постигна првиот гол за Македонија на Европските првенства против Австрија, а потоа ја погоди и мрежата на Украина, но неговиот аткративен гол беше поништен бидејќи беше во офсајд.

Во својата репрезентативна кариера, Горан Пандев два пати ја има погодено мрежата на Холандија на два различни натрпевари. Првиот гол Пандев го постигна во квалификациите за СП 2006 кога во Скопје, а натпреварот заврши без победник 2:2. Во квалификациите за СП 2010 Пандев го постигна вториот гол против „лалињата“, а тогаш Холандија славеше со 1:2 во Скопје.

Нека биде и вечерва така, Пандев во Амстердам да ја стресе мрежата на Холандија и заслужено да замина во репрезентативна пензија!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!