ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Пандев: Нема простор за враќање, Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе обезбедат пласман на СП!

Капитенот Горан Пандев го одигра последниот натпревар во својата репрезентативна кариера, дуелот против Холандија кој Македонија го загуби со 0:3 беше последен за Гранде Пандев во националниот дрес.

Тој после натпреварот рече дека нема простор за враќање и дека ќе навива за неговите соигра и убеден е дека ќе обезбедат пласман на Светското првенство.

„Возбуден сум и благодарен за цела Македонија. Дваесет години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост. Одигравме добро првенство, но ни фалеше тоа искуство. Ни фалеше многу малку за да направиме добар резултат. Вечно ќе се сеќаваме на овие денови. При стартот на Блинд добив удар, но Холандија е фаворит и домаќин и нормално судиите да се наклонети кон оваа селекција. Ние и на овој натпревар го дадовме максимумот, имавме два поништени гола, статива и уште неколку шанси. Но во вториот дел физички паднавме, а Холандија го искористи тоа. Нема простор за враќање. На 38 години да играм на два фронта е претешко. Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе обезбедат пласман на Светско првенство“, рече Пандев.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Пандев беше стрелец на првиот гол на Европските првенства, откако на напрвиот натпревар на ЕП, Пандев ја погоди мрежата на Австрија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!