ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Пачемски е „џокерот“ на Овче Поле за влез во Втора лига – Исток! Интервју со новото засилување!

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе донесе атрактивно засилување за пролетната полусезона и борбата за влез во Втората лига – Исток.

Довчерашниот капитен на Малеш, Димитриј Пачемски и официјално е новото засилување за клубот од Свети Николе. Тоа што се најавуваше и од претхдоно, денес за прв пат и официјално беше потврдено за Спортска Мрежа од можеме со сигурност да кажеме, еден од најкомплетните играчи во лигата.

Пачемски после седум месеци заминува од Берово, а кариерата ја продолжува во Овче Поле, директниот претендент на Малешевци за првото место.

Спортска Мрежа имаше можност да го направи првото интервју со Пачемски, откако го засили Овче Поле.

Која беше причината да заминеш во Свети Николе ?

„Дозволете најнапред да ве поздравам и да ви се заблагодарам што изразивте желба да поразговарате со мене. Така е, фудбалскиот клуб Овче Поле е мојот иден тим. Иако имаше интереси уште од други четири клуба, сепак проектот што ми го претстави претседателот Ѓоргиев беше најконкретен и ја прифатив соработката без двоумење“, вели Памечски.

Какви се очекувањата, атмосферата, условите за работа во клубот ? Како те прифатија останатите фудбалери ?

„Лично за мене надежта за успех е голема, затоа што знаев и од претходно клубот со какви играчи располага. Овче Поле постојано е во врвот изминатите сезони и секогаш недостигал тој мал, последен чекор да се влезе во Втора лига. Тимот се има засилено со уште 3-4 квалитетни имиња и заедно со мене и костурот на екипата од есенскиот дел, се надеваме и веруваме дека ќе можеме да завршиме како први, иако верувајте пролетниот дел ќе биде уште повеќе изедначен и борбата за тоа прво место ќе се води до последното коло. Атмосферата е одлична, имаме 22 играчи, конкуренцијата е голема и тоа е добро за клубот. Тимот е изграден од искусни играчи кои го носат товарот и млади надежни фудбалери кои можат да ја донесат свежината која е потребна. Условите се на ниво кое покажува дека овој клуб мора и треба да биде во повисок ранг на натпреварување. Сите во клубот ја знаат својата работа и секој го работи она за кое е назначен. Уште на првиот тренинг кога стигнав бев прифатен одлично, а тоа е одлика на играчи кои играле во поголеми клубови и лиги. Повеќето ме знаат и мене како фудбалер, така да не ми беше тешко да се вклопам во нивниот систем“, раскажува искусниот фудбалер.

Пачемски важи за физички најспремениот играч во лигата со најголема кондициска издржливост, тој е најдобар асистент со 15 асистенции и постиганти три голови, но и фудбалер со лидерски способности.

На што се должи тоа и дали мислиш дека Малеш погреши што дозволи да те изгуби, со оглед на тоа што и беровчани се борат за првото место и влез во Втората лига – Исток ? Што може да очекуваме од тебе во новиот клуб ?

„Физичката подготовка е благодарение на дисциплината, искуството стекнато низ годините и најбитното: програмата по која работам веќе 8 месеци, под водство на почитуваниот кондициски тренер Илија Сасански. Во врска со Малеш, искрено не би сакал да коментирам кој, каде и дали погрешил. Они како што најавија веќе имаат донесено играчи, така да ќе покаже времето дали го направиле вистинскиот потег. На три кола пред крајот на есенскиот дел, нашите односи се заострија по серија несогласувања и иако пробав да најдам решение да се стабилизираат работите, не добив целосна поддршка како што заслужувам. Затоа мислам дека ја донесов правилната одлука. Можам само да им посакам успех и среќа во иднина“, објасува Пачемски.

Што може да очекуваме од тебе во новиот клуб ?

„Верувајте јас уште повеќе сум мотивиран и желбата за успех е уште поголема. Како и досега, сегде каде што сум настапувал, ќе го дадам својот максимум и верувам дека заедно со останатите фудбалери ќе успееме во своите намери клубот да го подигнеме на ниво погоре“, завршува Пачемски.

Овче Поле есенската полусезона ја заврши на третото место на табелата со 24 освоени бодови, четири помалку од лидерот Брегалница од Делчево.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!