ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Означен почетокот на изградбата на новата Западна трибина на Градскиот стадион во Штип (ФОТО)

Како партнерски проект на ФК Брегалница, Фудбалската федерација на Македонија преку “хет-трик” програмата на УЕФА, и Општина Штип, денеска официјално започнаа градежните активности за изградба на нова Западна трибина на Градскиот стадион во Штип. 

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, заедно со сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов, и градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, првиот човек на ОФС Штип, Димитар Џонов и спортски претставници од Штип и регионот го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура задоволувајќи ги сите европски критериуми. 

Новиот стадион во Штип ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпреварувања во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби. 

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!