ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Озер и Шкупи денес ставија потпис на договорот

Турскиот тренер Хасан Озер на почетокот на јануари го презеде Шкупи, а денес двете страни ставија потпис на договорот.

Новиот тренер го пречека Шкупи во Анталија каде се темпира формата за пролетните предизвици во Првата македонска фудбалска лига. Турскиот тренер на Чаир доаѓа од босанскиот клуб Челик Зеница. Озер ќе биде трет тренер во тековната сезона за Шкупи, кој го наследува Умит Каран.

„Среќен сум што ја добив довербата на раководството на клубот. Шкупи е одличен тим и јас сум задоволен од подготовките во Анталија. Во Скопје доаѓам со амбиција да ја освојам титулата во македонското првенство, знам дека за конкурент ја имаме Шкендија, екипа која е многу силна, но во фудбалот ништо не е невозможно. Започнуваме со Борец и верувам дека добро ќе ја започнеме сезоната. Втората цел е да стигнеме до излез во Европа и да влеземе во групната фаза“, изјави Озер.

Озер беше асистент во повеќе турски клубови како Манисаспор, Газиантеспор, Бурсаспор, Газишехир Газиантеп, Чајкур Ризеспор, Кајзериспор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!