Овче Поле закажа пријателски натпревар со Јуниор од Куманово

Овче Поле откако го подигна шампионскиот пехар во Трета лига – Исток која заврши пред една недела, шампионот од Свети Николе се насочи кон интензивни подготовки за бараж мечот за влез во Втората македонска фудбалска лига.
Денес со почеток од 17:30 часот Овче Поле ќе одигра пријателски меч против екипата на Јуниор од Куманово.
По 10 одиграни кола во Трета лига – Исток, екипата на Овче Поле стана шампион и обезбеди место во баражот, каде ќе се соочи со еден од шампионите на останатите региони од Трета лига.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Колку за потсетување денес екипата на Караорман ќе го подигне шампионскиот пехар во Трета лига – Југозапад, Арсими е веќе шампион на Трета лига – Запад, а пак на четири кола до крајот Вардар Неготино е лидер во Трета лига – Југ пред Превалец кој е втор.