ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Овче Поле убедлив против Тиверија, Рудар убедлив, Осогово осамен на врвот ита кон бараж за Втора лига!

Осмата рунда од Третата лига – Исток донесе многу погодоци. Најубедливи победи однесоа Рудар и Осогово.

„Рударите“ на домашен терен со 6:0 го декласираа Вардарски од Богданци, кој продолжува да тоне на табелата.

Рудар до големиот триумф на домашен терен стигна со трите погодоци на Марио Атанасовски, и головите на Слаѓан Митевски, Давид Манев и Антонио Стојчов.

Ланскиот второлигаш и главен фаворит за баражот за Втора лига, Осогово со убедливи 1:6 го декласираше Карбинци на гостински терен. „Жетварите“ со новиот триумф и новите три бодови се зацврстуваат на врвот од табелата во Трета лига – Исток.

Победата беше обезбедна уште во првиот дел од мечот кога резултатот беше 0:3 за гостите од Кочани. Јован Дојчинов три пати ја стресе мрежата на Карбинци, Христијан Крстов беше двоен стрелец, а последниот гол беше дело на капитенот Тоше Манов.

За домашниот тим единствен стрелец беше Стефан Стафанов, кој погоди во 73. минута од мечот.

Брегалница Делчево на домашен терен со погодиците на Илеив и Пешовски го доби Дојранско Езеро со 2:0 за четврто славје.

Малеш на теренот во Градско Балдовци со 2:3 го доби Спартмани и конечно се врати на победите. Гостите од Берово на полувреме имаа водство од 0:2 со двата погодоци на Митко Пачемски, постигнати во финишот на првото полувреме. Во вториот дел Спартмани со голот на Драги Глигоров во 52. минута го намалија водството на Малеш на 1:2, но Андреј Стојановски повторно го зголеми водството на Малеш на 1:3. Во судиското надополнување Мартин Шутевски го ублажи поразот на 2:3.

Новајлијата Академија Чешиново-Облешево со пресврт стигна до триумф над Победа од Валандово со 3:1. На полувреме гостите имаа водство од 0:1 со голот на Малентин Михајловски. Во вторито дел Коцев и Заов го свртеа резултатот на 2:1 за водство на домашните, а Столе Тодоров ги постави конечните 3:1.

Овче Поле со високи 3:0 славеше над Тиверија и со тоа се врати на победничките патеки. Емил Рунчевски уште во 10. минута ја отвори Тиверија, а пак Христијан Јакимов во 29. минута си постигна автогол за 2:0 на полувреме.

Во финишот од мечот одигран на Градскиот стадион во Свети Николе, Дарко Нацев постигна гол за конечни 3:0.

Што се однесува до табелата Осогово е осамен на врвот со 22 бодови, пред Овче Поле кој е втор со 17 бодови и Тиверија која е трета со 16 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!