ОстанатоФудбалФутсал

Овче Поле со убедлив триумф над СФК Проект, Русевски ја искина мрежата во Валандово

Овче Поле продолжува со позитивни резултати во Втората футсал лига на Македонија, откако денес во Валандово со убедливи 2:6 триумфираше убедливо над СФК Проект во рамки на 8. коло.

По само четири минути игра Икица Јованов го отвори резултатот за водство на Овче Поле од 0:1. Радоста на гостите од Свети Николе траеше само пет минути, Наско Карчев ја погоди мрежата на Танев за 1:1. Валентин Михајловски во 11. минута си постигна автогол со што гостите повторно дојдоа до второ водство на мечот кој се одигра во „Филип Втори“.

До крајот на првиот дел гостите обезбедија солидна предност од 1:4 на полувреме, а Павел Русевски два пати ја погоди противничката мрежа во една минута.

Стартот од вториот дел не донесе промени, Овче Поле продолжи со одличната игра и преку Александар Петровски во 25. минута имаше убедливи 1:5. На две минути пред крајот Русевски стигна до хет-трик, а резултатот на семафорот беше 1:6 за Овче Поле. Во последните секунди од мечот Радомир Вешковиќ погоди за конечните 2:6.

Вечерва во Кавадарци ќе се соочат фаворитот Клими и „фенерџијата“ Кардшлк, мечот стартува во 20:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!