ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Овче Поле со голема победа над Малеш, Детонит „се распука“ кон Спартмани со 11 погодоци, Крстев Васил со хет-трик го сруши Раклиш

Денес стартуваше Третата лига – Исток, со натпреварите од 12. коло.

Овче Поле во последните минути го доби големото дерби против Малеш, откако на Градскиот стадион во Свети Николе славеше со 2:1. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни. На стартот на второто полувреме Овче Поле со гол на нововлезениот Атанасовски Марио, кој погоди во 48. минута. Малеш правеше притисок за израмнување и со гол на Коколански Кирил израмни на 1:1. Неизвесноста која траеше до самиот финиш ја реши повторно Атанасовски, кој со втор гол во 85. минута донесе ново водство од 2:1 за Овче Поле и голема победа.

Лидерот Брегалница на домашен терен славеше над Карбинци од 2:1. Резултатот го отвори Карбинци со гол во 13. минута, а стрелец беше Андон Иван. Само една минута траеше радоста на гостите, откако Пешовски Дарко постигна гол за 1:1. Во 33. минута од натпреварот Илиев Александар постигна гол за 2:1. Во вториот дел иако имаше шанси за гол, мрежите мируваа, а со тоа резултатот од првиот дел стана конечен.

Василево и Работник Џумајлија го играа дербито од дното, каде гостите од Лозово со високи 0:4 беа подобри. Резултатот го отвори Трајков Стојанче со гол во 25. минута за водство од 0:1. Во вториот дел паднаа три гола, а Василево немаше сили да го запре налетот на Работник. Во 51. минута младиот Петров Дарио постигна го за 2:0, а само осум минути подоцна со втор гол на Петров зголеми на 0:3. Во 73. минута Вучевски Божидар ги постави конечните 0:4.

Тиверија со победа над Чешиново го стартува пролетниот дел, откако на домашен терен во Струмица славеше со 2:0. Во првиот дел од мечот немаше погодоци. Во второто полувреме Тиверија преку Трајков Васко во 63. минута дојде до водство од 1:0. Одличната игра на домаќинот продолжи и во 82. минута Чукарски Методиј постигна гол за конечни 2:0.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Хоризонт Турново на домашен терен со високи 5:0 го прегази Раклиш. Турновци на „Кукуш“ беа незапирливи. Првиот гол падна во 23. минута со гол на младиот Крстев Васил за водство од 1:0. Во 35. минута повторно Крстев ја погоди мрежата на Раклиш за 2:0, а само четири минути подоцна Крстев со трет гол го отпиша Раклиш. Во 43. минута Петров Дарко постигна гол за 4:0, а пред самиот финиш на првиот дел Блажевски Наум постигна гол за 5:0. Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првите 45. минута стана конечен.

Детонит со убедлива победа од 11:0 го прегази Спартмани, кој немаше сили ниту за еден гол. Резултaт беше отворен во 11. минута со гол на Адемов Сердар, а шет минути подоцна Спасов Зоран погоди за 2:0. Во 28. минута Рунчевски Емил постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Коцевски Горан зголеми на 4:0. Радовишани беа пресилни и веќе во 33. минута имаа 5:0 со нов гол на Коцевски. До крајот на првиот дел Спасов постигна уште два гола за 7:0 на полувреме. Во вториот дел Детонит продолжи со доминацијата и во 50. минута со гол на новото засилување Станоевски Томи постигна гол за 8:0. Шест минути подоцна Стојанов Горан зголеми на 9:0. Во 60. минута Спасов со четврти гол зголеми на 10:0, а две минути подоцна Мојсов Кристијан ги постави конечните 14:0.

Лидер на табелата останува Брегалница со 31 бод, два помалку има Детонит, додека Овче Поле со 27 е трет. На четвртото место е Хоризонт Турново со 25 бодови, а три помалку има Малеш кој е на петтото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!