
Овче Поле запиша голема победа, откако на домашен терен славеше над фаворитот Клими од Кавадарци со 4:1, во меч од 9. коло од Втората футсал лига.
За екипата од Свети Николе ова е прва сезонска радост и први освоени бодови, што ќе биде мотив за ова млада екипа во иднина да оствари подобри резултати.
Домаќинот дојде прв до водство во 13. минута од натпреварот со гол на Митев Христијан. На полувреме резултатот беше 1:0.
Во вториот дел беа постигнати дур четири погодоци. Во 24. минута Јованов Икица постигна гол за водство од 2:0. Шест минути подоцна Аризанов Виктор си постигна автогол, а со тоа Овче Поле дојде до високо водство од 3:0, па екипата беше блиску до победа. Во 38. минута Николовски Ѓорѓе постигна за гостите од Кавадарци и намали на 3:1. Една минута подоцна Трајков Стојанче ги постави конечните 4:1.
Во следното коло Овче Поле ќе има тешко гостување кај Велешта, додека Клими на домашен терен ќе се соочи со тетовски СЕЕ Университи.