
Вчера беа одиграни уште два натпревари од 6. коло од Втората футсал лига на Македонија. Убедливи победи во Штип и Велес.
Овче Поле, сосема очекувано со 19 го збриша Кардшлк. Гостите од Свети Николе до убедливиот триумф стигнаа со хет-трикот на Христијан Митев, двојни стрелци беа капитенот Никола Стојковиќ и Марио Начев, а по еден гол за гостите постигнаа и Стојанче Трајков и Павел Русевски. За домашните двата погодоци ги постигнаа Миле Димитров и Џанер Џеладинов.
Непоразениот лидер Кеги Моби на домашен терен во Велес со 9:2 ја торпедираше СЕЕ Университи. Кај домашните двоен стрелец беше Зоран Трајков, а по еден гол за велешани постигнаа капитенот Адил Адиловиќ, Кирил Ивановски, Бобан Давчевски, Александар Велковски, Давид Астраиев, Димче Ѓиров и Никоал Саздовски. За гостинската екипа од Тетово двата погодоци ги постигна Ермал Љуворека.
Колото ќе биде комплетирано денес.