ОстанатоФудбалФутсал

Овче Поле го збриша Црешево Топче, Русевски ја искина мрежата, непоразениот лидер Кеги Моби доби „шлаканица“ од Мал Ајакс во Штип!

Денес беа одиграни уште два натпревари од 7. коло на Втората футсал лига на Македонија.

Овче Поле на домашен терен го збриша Црешево Топче со убедливи 4:1. Најрасположен за голови беше младиот Павел Русевски кој ја искина мрежата во „Цар Самоил“ на противничкиот голман од Пробиштип со три погодоци, а во листата на стрелци за домашните се запиша и Христијан Митев. Единствениот погодок за гостите го постигна Глигорче Јакимов.

Непоразениот лидер Кеги Моби конечно падна, велешани во Штип беа поразени за прв пат сезонава од Мал Ајакс со 4:3. Првиот дел од средбата одиграна во „Тошо Арсов“ заврши со резултат од 1:1. Никола Саздовски во 6. минута го отвори резултатот за водство на Кеги Моби, а по две минути капитенот Стефан Трков израмни на 1:1.

На стартот од вториот дел Бобан Давчевски донесе прво водство за гостите од Велес (1:2) кое траеше само две минути, бидејќи Мал Ајакс најпрво преку втор гол на Штрков дојде до 2:2, а во 36. минута Дарко Димитровски постигна гол за ново водство на штипјани од 3:2. Неизвесноста продолжи во самиот финишт од мечот, Зоран Трајков во 38. минута ја погоди противничката мрежа за 3:3, а за помалку од 60 секунди Игор Лазов ги постави конечните 4:3 за голема победа и три златни бодови за Мал Ајаск во битката за експресен кам бек во футсал елитата на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!