Овче Поле го освои Берово, Рудар убедлив, три бода за Дојранско Езеро

Овче Поле ја доби пресметката со Малеш во Берово со минимални 0:1 со што останува максимален на врвот од табелата во третолигашкото друштво на Истокот. Херој на мечот беше Синиша Петров кој во 71. минута го постигна победничкиот погодок за гостите од Свети Николе.
Рудар конечно се израдува на триумф во новата сезона откако на „Дамјан Груев“ во Чешиново со убедливи 1:4 го доби Чешиново 2015 за прва сезонска радост. Двоен стрелец за гостите од Пробиштип беше Марио Атанасовски, а по еден гол постигнаа и Никола Алексов и Даријо Трајановски. За домашната екипа единствен стрелец беше Филип Бојажиев со гол постигнат од пенал.
Дојранско Езеро денес одигра според планот и забележа нова победа од 2:0 над Карбинци со што останува максимален на врвот од табелата заедно со Овче Поле кој славеше во Берово.
Третолигашот од Дојран мечот против Карбинци го доби во вториот дел, откако Никола Илиќ погоди во 59. минута за водство од 1:0, а мечот го реши Кристијан Колевски во судиското надполнување за конечни 2:0.