ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Овче Поле „ги запали моторите“ со неколку засилувања, Григоров се надева на Втора лига! (ФОТО)

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Исток. Клубот интензивно работи за пролетните предизвици и со неколку нови засилувања ќе се обиде да го нападне првото место и да обезбеди промоција во Втората лига – Исток, што е стартна цел на клубот за тековната сезона.

Спортска Мрежа разговараше со секретарот на клубот од Свети Николе, Филип Григоров за подготовките, пролетната полусезона, амбициите и засилувањата.

„Овче Поле ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата Лига – Исток. На првата прозивка во саботата, беа претставени засилувањата кои ќе треба да се наметнат и да бараат место во првата екипа. Костурот на екипата останува во најголем дел ист, а новите играчи треба да ги пополнат местата кои беа слаба точка во есенскиот дел“, вели Григоров и додава:

„Се надевам дека повредите и отсуствата поради Ковид-19 ќе бидат многу поретки оваа пролет, бидејќи есенскиот дел беше преполн со изостаноци на многу клучни фудбалери, така што од викенд на викенд моравме да експериментираме и да играме најдобро што можеме со тие што во тој момент беа на располагање.

Григоров вели дека четири бодови негатива во однос на лидерот Брегалница од Делчево не е ништо, ако се има во предвид лошиот старт на сезоната. Тој се надева на промоција во Втора лига.

„Четири бода заостанување зад лидерот на табелата е ништо ако се има во предвид лошиот старт на сезоната. Имаме многу натпревари за игра, најголем дел натпревари со директните конкуренти ги играме во Свети Николе, на домашен терен, што ни дава за право да се надеваме на промоција во Втора Лига“, завршува секретарот на клубот од Свети Николе.

Овче Поле пролетната полусезона ја стартува на домашен терен против директниот конкурент Малеш од Берово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!