ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Овчари Запад“ се мобилизираат: Овче Поле ќе има поддршка од верните навивачи во баражот против Арсими

Шампионот на Трета лига – Исток, Овче Поле во баражот за Втора лига ќе се соочи со шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Арсими.

Навивачката група на шампионот од Свети Николе, „Овчари Запад“ започнаа со мобилизација за историскиот меч за нивниот миленик. Овче Поле овој момент го чека повеќе од две деции, за да се натпреварува повторно во Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена со 16 екипи.

Третолигашот од Свети Николе последен пат во второлигашкото друштво беше во сезона 1999/2000 кога заврши на претпоследното место на табелата во Втора лига – Исток и испадна. Претходно, светиниколчани беа исто така дел од Втора лига – Исток во сезона 1998/1999, како и во 1997/1998.

Веќе е организиран превоз за сите навивачи кои ќе сакаат да патуваат во Скопје и да го поддржат Овче Поле во баражот против Арсими. Организираниот превоз е ограничен, а поаѓањето е предвидено во среда (22. јуни) во 15:00 часот од пред Спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе. Сите кои се заинтересирани и сакаат да патуваат за Скопје со организираниот превоз да го контактираат клубот во порака на официјалната фејсбук страница со клик ОВДЕ.

Натпреварот се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 17:00 часот.

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!