ФудбалФутсал

Овче Поле со победа над Проект Јосифово обезбеди 1/8 финале од футсал Купот

Овче Поле денес обезбеди 1/8 финале од футсал Купот на Македонија, откако со 4:7 беше подобар во дуелот со Проект Јосифово.

За обезбедување на 1/8 финале од футсал Купот, второлигашките екипи најпрво играа меѓу себе, по што за противник добија прволигашка екипа.

Екипата од Свети Николе прва дојде до водство од 0:1 со голот на Русевски во 15. минута, две минути подоцна Стојчевски згоелми на 0:2. Проект намали на 1:2 пред крајот на првото полувреме со голот на Савов.

Во вториот дел домаќинот отвори подобро, па преку Мачнев израмнија на 2:2, а веднаш следуваше и пресврт од 3:2 со гол на Станисавовски. Овче Поле брзо реагираше и со два брзи гола го презеде водстово од 3:4, а стрелци беа Русевски и Стојковиќ. Одличната игра на гостите продолжи и веќе во 32. минута имаа водство од 3:5 со голот на Јованов. Во 38. минута Проект преку Станисавовски намали на 4:6, а конечните 4:7 ги постави Стојковиќ.

Овче Поле во 1/8 финалето од футсал Купот ќе се соочи со екипата на Кеги Моби од Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!