Европски ФудбалФудбал

Оттаму започна сè … Буфон се враќа во Парма ?

Италијанскиот голман Џанлујџи Буфон е блиску до договор со Парма, каде ја започна својата професионална кариера.

Новинарот Фабрсио Романо изјави дека преговорите меѓу клубот кој испадна од Серија А во сезоната 2020/21 и легендарниот голман се уште траат, но Буфон е во искушение да се врати во клубот каде ја започна својата кариера пред 26 години.

43-годишниот голман има најмалку пет понуди по одлуката да го напушти Јувентус, од кои едната е шампион на Турција, Бешикташ.

Буфон дојде од Парма во Јувентус во јули 2001 година за 52,8 милиони евра. По 17 години поминати во клубот од Торино, тој се пресели во ПСЖ, но во 2019 година се врати меѓу „црно-белите“.

Минатата сезона одигра 12 натпревари и прими седум гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!