Европски ФудбалФудбал

ОТКРИЕНО: Еве колку пари ќе заработи освојувачот на Лигата на шампионите

Иако Баерн Минхен заработи 130 милиони евра бонуси и приходи од ТВ преносите за освојување на минатогодишната Лига на шампиони, се очекува Манчестер Сити и Челзи да играат вечерва за многу помала парична награда.

Имено, вонредни трошоци за УЕФА се направени со ангажирање на стадионот „Драгао“ во Порто, потоа управување со заштитниот балон Ковид во Португалија и исплата на отштета на Турската фудбалска федерација, која не успеа да биде домаќин на финалето втора година по ред. Само од учеството на ова натпреварување, секој клуб стави в џеб од 15,25 милиони евра оваа сезона.

За секоја победа за време на групната фаза, клубовите беа наградени со 2,7 милиони евра, а за реми добија 900 000 евра.

Заработка на клубови од Лигата на шампионите за секоја фаза:

Групна фаза (основна награда) – 15,25 милиони евра

1/16 – финале – 9,5 милиони евра

1/4 – финале – 10,5 милиони евра

Полуфинале – 12 милиони евра

Финале – 15 милиони евра за губитник, 19 милиони евра за победникот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!