Европски ФудбалФудбал

Откриени имињата: Списокот на засилувања на Алегри изгледа одлично!

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус по пауза од две години. Искусниот 53-годишен тренер ќе има за цел својата екипа да ја врати на нови победи и успеси по разочарувачката сезона предводена од Андреа Пирло.

Алегри веќе започна да работи на потребните засилувања за следната сезона. На неговиот список на засилувања има неколку големи имиња.

„Кориере дело Спорт“ објави список на играчи што ги сака Алегри во неговиот тим, а меѓу нив е името на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ.

Барселона е подготвена да го пушти 31-годишниот играч од средниот ред во размената на играч, додека Јуве посакува босанскиот фудбалер да го донесе на позајмица со можност за откупување. Покрај Пјаниќ, на списокот на засилувања за новиот тренер на „старата дама“ се најде и францускиот играч за врска Пол Погба, а се бара и нов напаѓач.

Алегри е заинтересиран за Душан Влаховиќ од Фиорентина, и фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди, и секако треба да се истакне дека Алваро Мората останува во клубот.

Јувентус исто така покажува интерес за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, а претходно Мануел Локатели и Џанлуиџи Донарума беа поврзани со доаѓање во Торино.

Алегри очигледно има големи планови кога е во прашање летниот преоден рок и ќе видиме колку од желбите ќе се исполнат.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!