Европски ФудбалФудбал

Освен Рамос, си оди уште една ГОЛЕМА ѕвезда од Реал Мадрид!

Искусниот дефанзивец Серхио Рамос играше во дресот на „кралскиот клуб“ дури 16 години и сигурно е сè уште еден од најдобрите дефанзивни играчи на светот.

Сепак, по преговорите со клубот, не беше постигнат договор со Рамос и со тоа да ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид. Тој сигурно ќе има многу понуди на маса и ќе биде интересно да се види каде Рамос ќе ја продолжи кариерата.

Сепак, Рамос не е единствениот дефанзивец кој ги напушти „кралевите“ ова лето. Имено, на излезната врата е и Рафаел Варан, кој исто така не сака да го продолжи договорот со овој клуб.

Реал му понуди нов договор на францускиот репрезентативец, но Варан е решен кариерата да ја продолжи во друг клуб. „Кралевите“ не сакаат тој да замине без надомест следното лето, и тие се подготвени да го продадат ова лето.

Шпанските медиуми денес објавија дека Варан ќе ја објави својата одлука по завршувањето на Европското првенство, но дека веќе е јасно дека ќе биде потврда дека тој го напушта Реал Мадрид.

Исто така, некои француски медиуми објавија дека Варан е решен да се врати во Франција по десет години и да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

„Ле Паризиен“ пред неколку дена објави дека ПСЖ е подготвен да издвои околу 60 милиони евра за Варан, што секако би било голема добивка за „кралевите“.

Исто така, Варан се очекува да потпише договор до летото 2025 година, според кој ќе заработува околу десет милиони евра годишно. Официјалната потврда за трансферот треба да се случи веднаш по Европското првенство.

Варан пристигна во Реал Мадрид пред десет години од Ленс кога му беа платени десет милиони евра и се покажа како полн погодок за клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!