Европски ФудбалФудбал

Останува на „Емирати“: Дефанзивецот на Арсенал потпиша нов петгодишен договор

Арсенал го обнови договорот со шкотскиот играч Киран Тиерни, јавува Агенција Анадолија.

Во соопштението на англискиот клуб се наведува дека е потпишан долгорочен договор со 24-годишниот дефанзивен играч, и тој ќе трае пет години.

Тиерни пристигна во Арсенал во 2019 година од Селтик за 27 милиони евра.

Левиот бек три пати ја затресе мрежата на 62 натпревари за Арсенал, а Тиерни запиша и 23 настапи за шкотската репрезентација.

Кариерата ја започна во 2005 година во помладите селекции на Селтик.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!