ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Осогово во сабота ги започнува подготовките, договорени четири пријателски натпревари

Второлигашот Осогово во сабота ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток.
Тренерот Трајче Сенев за пролетниот дел од сезоната доби две засилувања. Станува збор за младиот голман Матеј Андонов и младиот Благој Истатов.
Клубот има договорено и четири контролни натпревари. Првиот се игра на 30 јануари против Брегалница од Штип, потоа на 6 февруари со Кит Го од Пехчево, на 13 февруари со Тиквеш и на 20 февруари со третолигашот Брегалница од Делчево.
Осогово есенскиот дел од сезоната го заврши на седмото место на табелата со 19 освоени бодови.