ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Осогово со победа над Плачковица во Радовиш, реми меѓу Победа и Слога Виница

Осогово дојде до голема победа над Плачковица во Радовиш, откако со 0:1 гостите од Кочани беа подобри на Градскиот стадион во Радовиш. Стрелец на единствениот гол беше младиот Поповски Александар кој ја погоди противничката мрежа во 73. минута од натпреварот.

Осогово продолжува со одлични игри и искачи на петтото место на табелата со 23 бодови, додека Плачковица останува во опасната зона, односно на претпоследното место со 11 бодови.

Прилепска победа во последен момент дојде до реми со Слога. Гостите од Виница одиграа одличен натпревар, и во 8. минута со гол на младиот Момировски Игор дојдоа први до водство од 0:1, резултат со кој се замина и на полувреме.

Во вториот дел прилепчани се обидуваа да дојдат до брзо израмнување, кое се случи дури во 88. минута со гол на Петроски Петар и голем бод за Победа која води борба за опстанок.

Во однос на табелата, Победа останува на осмото место на табелата со 15 бодови, позиција која што не гарантира сигурен опстанок, додека Слога е место погоди со 21 бод.

Целата табела од Втората лига – Исток погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!