ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Осогово со минимална победа над Хоризонт Турново

Денес во Дојран се одигра контролен натпревар меѓу Хоризонт Турново и Осогово кој заврши со минимална победа од 0:1 за второлигашот од Кочани.
Иако „турновци“ загубија сепак одиграа одличен натпревар и парираа на кочанскиот второлигаш во текот на целиот натпревар. Стрелец на единствениот погодок беше Стојанче Велинов.
Хоризонт Турново во пролетната полусезона од Третата лига – Исток ќе води борба за враќање во второлигашкото друштво, додека Осогов во пролетниот дел од Втората лига – Исток ќе се бори за висок пласман на табелата.