ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Осогово се засили со Александар Поповски

Второлигашот Осогово денес го официјализираше новото засилување Александар Поповски.
Младиот 19-годишен фудбалер за врска во Кочани пристига од редовите на прволигашот Пелистер каде есенва имаше завидна минутажа. Се работи за млад и перспективен играч за врска со офанзивни карактеристики.
Покрај битолски Пелистер, младиот играч има настапувано и за екипите на Талент од Битола, Металург, Македонија Ѓорче Петров и Њу Старс од Скопје.
Осогово претходно се засили со голманот Матеј Андонов, Благој Истатов и Христијан Коцев.
Еден Коментар