Осогово промовираше четири нови засилувања

Второлигашот Осогово промовираше четири нови засилувања за пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
Во Кочани доаѓаат Сумер Хасан, Ристе Размовски, Васко Коцев и Дарио Наумовски.
Хасан е 20-годишниот централен дефанзивец кој во Осогово доаѓа од Дрита Боговиње, а во својата кариера има настапувано и за Шкупи, Работнички, Вардар Форино и Лабуништа.
19-годишниот голман Размовски изминатата полусезона како позајмен фудбалер ја мина во Тиквеш, а има настапувано и за битолски Пелистер.
Коцев игра во средниот ред од теренот, а во Осогово доаѓа од Беласица. 19-годишниот фудбалер потекнува од школата на Академија Пандев.
21-годишниот десен бек, Наумовски по две години се враќа повторно во Осогово. Тој доаѓа од редовите на прилепска Пбоеда, а претходно има настапувано и за Партизан Обршани и Металург.