ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Осогово му го нанесе првиот пораз на Овче Поле и изби на врвот, Брегалница слави во дербито со Малеш

Осогово убедливо го доби дербито за врвот во Свети Николе, откако со 2:4 славеше над актуелниот шампион Овче Поле. Дарко Нацев и Јорданчо Трендафилов беа стрелци за домашниот тим, за “жетварите” двоен стрелец беше капитенот Тоше Манов, а по еден гол постигнаа Јован Дојчинов и Андреј Коцевски.

Осогово сега е на врвот на табелата по шест одиграни кола во Трета лига – Исток.

Брегалница го доби Малешевско – Пијанечко дерби, откако на домашниот терен во Делчево со погодоците на Дарко Пешовски, Антон Ратков, Александар Илиев и Бојан Петковски славеше над Малеш од Берово со 4:2. За гостите погодија Илија Шонтевски и Митко Пачемски.

Дојранско Езеро со 2:0 славеше над Победа од Валандово со двата погодоци на Петар Илиев кој ги постигна по две минути игра во вториот дел.

Во Градско Балдовци беше поделен “пленот” откако Спартмани и Тиверија одиграа 1:1. Гостите први стигнаа до водство уште во 5. минута од мечот со голот на Васко Трајков, а по пет минути игра Никола Божинов постигна гол и ги постави конечните 1:1.

Новајлијата Академија Чешимово-Облешево со убедливи 6:2 го декласираше Вардаски од Богданци. Виктор Димков беше двоен стрелец за домашните, а по еден гол постигнаа Славче Јакимов, Илија Шуманов, Столе Тодоров и Стефан Костадиновски. За гостите од Богданци стрелци беа Димитар Пеев и Адам Стојанов.

Во Пробиштип пукна “петарда” со 5:2 Рудар славеше над Карбинци. Херој на мечот беше Марио Атанасовски, кој одигра фантастичен меч постигнувајќи четири погодоци, а стрелец на вториот гол за „рударите“ беше Дарко Стојановски. За гостите стрелци беа Мирче Натков и Миле Димитров.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!