ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Осогово договори четири контролки, „генералка“ со третолигашот Брегалница Делчево

Второлигашот Осогово од Кочани договори четири контролни натпревари во рамките на подготовките за пролетната полусезона. Веќе утре избраниците на Трајче Сенев ќе се тестираат со есенскиот шампион Брегалница од Штип, натпревар кој ќе се одигра во Кочани со почеток од 13:00 часот.

Втората контролка е закажана за 6. февруари и ќе биде против Кит Го, третиот контролен натпревар ќе биде против Тиквеш од Кавадарци, додека „генералката“ ќе биде против третогалишот Брегалница од Делчево.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!