ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Орхан Мифтари најново засилување за третолигашот БВК Коњаре

Третолигашот БВК Коњаре претстави уште едно засилување за новата сезона од Третата лига – Север. Во дресот на новиот третолигаш позираше Орхан Мифтари кој доаѓа од редовите на Дрита.

Во својата кариера има настапувано и за екипите на Македонија Ѓорче Петров, Влазнија од Косово, Вардар од Форино и Тетекс.

„Орхан е искусен центрафор од кој очекуваме ногу во сезоната која што следи. Со овој трансфер уште еднаш ги потврдуваме големи амбиции од кои нема отстапување – влез во Втората македонска фудбалска лига“, велат од клубот.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!