РакометРакомет - Суперлига
Ончев постигна 12 гола за Работнички, но Металург го доби скопско дерби

Екипата на Металург се врати на победите после поразот во Битола од Еурофарм Пелистер 2, откако денес со 26:31 го доби скопското дерби со Работнички во Суперлигата.
Металург одлично го отвори натпреварот и имаше водство од четири гола при резултат 5:9. Петрушевски повика на тајм-аут и Работнички преку расположениот Ончев се врати во игра и на полувреме резултатот беше 12:14.
Во второ полувреме Работнички започна подобро и дојде до 14:15, а потоа Металург одигра подобро во одбраната и со одличните Хорват и Додиќ водството на екипата од Автокоманда започна да расте, а тоа им донесе победа со резултат 26:31.
Најдобар кај Работнички беше Ончев со 12 гола, додека Крстевски постигна шест, кај Металург Хорват и Додиќ постигнаа по шест гола.