РакометРакомет - Суперлига

Ончев даде десет гола, но Младост со триумф над Работнички

Екипата на Младост од Богданци на домашен терен запиша важна победа во битката за опстанок откако со 24:23 беше подобар од Работнички.

Во првиот дел од натпреварот Младост на два пати имаше водство од по три гола, но Работнички не дозволуваше противникот да се одлепи, па на полуреме резултатот беше 13:12.

Во вториот дел Младост повторно имаше два гола предност при 14:12, гостите се враќаа во игра и не дозволуваа домашната екипа да направи посериозна разлика. Неизвесноста траеше до самиот финиш од натпреварот, а конечниот резултат бепе 24:23, па трите бодови останаа во Богданци, со што Младост има вкупно девет.

Мите Караиванов со 11 погодоци беше најдобар стрелец кај домашната екипа, додека Тоше Ончев со десет погодоци беше најдобар кај Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!