РакометРакомет - Суперлига

Ончев даде 12 гола за Работнички, но победата ја однесе Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода се израдуваа на првата победа во плеј-аутот, откако на домашен терен одиграа фантастичен натпревар и со високи 32:25 беа подобри од Работнички во 3. коло плеј-аутот од Супер лигата.

Јуниор КВ во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот. Натпреварот стартуваше со водство на Работнички, по што домашниот тим го сврте и имаше плус три при 7:4. Водството беше на страната на Јуниор КВ и на полувреме екипата имаше водство од три гола при 15:12.

Во вториот дел ракометарите на Јуниор Кисела Вода одиграа одлично и не дозволија изненадување. Највисоката разлика беше седум кога, а конечниот резултат 32:25. За Јуниор КВ ова беше прв триумф, а Работнички го запиша првиот пораз.

Најдобар во редовите на домашната екипа беше десниот бек Барјактаревиќ кој постигна осум гола, а еден помалку имаше пивотот Трајковски. Кај Работнички очекувано Ончев беше најдобар со 12 гола. Во следното коло Јуниор КВ ќе гостува кај Прилеп, додека Работнички ќе биде домаќин на Астрион.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!