ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Октиси со победа над Караорман ги заокружи тест-средбите пред стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад

Третолигашите Октиси и Караорман денес одиграа контролен натпревар, кој беше последен за двете екипи пред стартот на пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад. Екипата на Октиси со минимални 0:1 беше подобра од Караорман и со победа ги заокружи тест-средбите.
Стрелец на единствениот гол беше 28-годишниот Меди Шенол.
Октиси пролетната полусезона ја отвара на гостински терен кај амбициозниот Црно Буки, додека Караорман ќе има „незгодно“ гостување кај Новаци.