ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Октиси со минимален пораз на тестот со Воска

Вчера, третолигашот Октиси одигра контролен натпревар со лидерот во Третата лига – Југозапад екипата на Воска кој го загуби со минимални 0:1.
Екипата на Октиси иако загуби на вчерашниот тест од Воска, сепак покажа квалитет и одлична игра, па во пролетниот дел дефинитивно Октиси ќе им „помрси сметки“ на фаворитите.
Од Октиси велат дека пријатно ќе изненадат со нови големи успеси.
„На сите играчи на Ф.К. Октиси Спорт им честитаме за одличната игра, а вам, нашите ценети фанови ви ветуваме дека и во иднина нема да ги разочараме вашите очекувања, туку напротив пријатно ќе ве изненадуваме со нови големи успеси“, велат од клубот.