ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Октиси одигра херојски натпревар и го тресна фаворитот Новаци

Денес беше одигран еден од трите одложени натпревари од 13. коло на Третата фудбалска лига – Југозапад.

Екипата на Октиси со триумф ја затвори есенската полусезона откако на домашен терен го доби големиот фаворит Новаци кој останува без шанси за пласман во Втората лига.

Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни, а домашните преку Ристе Наумоски имаа две стопроцентни шанси кој не беа реализирани, а голманот Пашовски беше на вистината на задачата.

Во вториот дел домашните брзо дојдоа до водство од 1:0 со погодокот на капитенот Албан Дани. Новаци успеа брзо да се врати во игра за трите бодови, откако резервистот Александар Неданоски успеа да ја погоди мрежата на Далипоски за 1:1 во 70. минута од мечот.

Во самиот финиш од мечот Насер Доко беше херојот на Октиси кој на три минути пред крајот на мечот ја погоди противничката мрежа за конечните 2:1 и три златни бодови.

Колото конечно ќе биде одиграно утре со останатите два натпревари, Македонија на домашниот терен во Враништа ќе ги одмери силите со Лирија, а пак Преспа ќе игра против „фенерџијата“ Стрела Спорт.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
11211104510+3534
2128223918+2126
3127142624+222
4125612914+1521
5126332820+821
6125433121+1019
7124443129+216
8125072626015
9123361529-1412
10123272225-311
11122462134-1310
121220101352-396
13121291034-245

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!