ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Октиси: Нема да играме во понеделник против Караорман, првично требаше во петок да се одигра натпреварот!

Локалните избори направија промени за 3. коло во Третата лига – Југозапад, па наместо стандардно во недела, натпреварите ќе се одиграат в сабота, освен мечот меѓу Караорман и Октиси кој е закажан за в понеделник.

Од Октиси за Спортска Мрежа велат дека натпреварот в понеделник против Октиси нема да го одиграат, бидејќи првично овој натпревар требало да биде одигран в сабота, а потоа било договорено за петок. Но, сега домаќинот натпреварот го има закажано за во понеделник.

„ФК Октиси Спорт нема да игра натпревар во понеделник бидејќи немаме кадровска можност за тоа и поради фактот што во Струга постојано се игра како што им одговара на членовите на управата на ОФС Струга, а не како што им одговара на сите клубови, па поради овие околности ние како клуб нема да го одиграме натпреварот од третото коло во понеделник, па дури ако треба и ќе се откажеме од првенството, секако освен ако терминот не биде усогласен“, велат од Октиси за Спортска Мрежа.

Натпреварот е закажан за во понеделник со почеток од 14:00 часот и останува да видеме дали ќе има нов термин кој ќе им одговара и на двете екипи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!