ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Охрид закажа седум контролни натпревари

Второлигашот Охрид продолжува со подготовките за новата сезона од Втората лига – Запад, а клубот веќе договори и сеудм контролни натпревари.

„Рибарите“ ќе ја темпират формата на седум натпревари, а првиот е закажан за 24 јули против Работнички. На 28 јули ќе се тестираат против Караорман од Струга, додека за 31 јули е планиран тест со Велешта. На 7 август Охрид ќе се тестира со Црн оБуки, додека за 7 август следува тест со прилепска Пбоеда, четири дена подоцна со градскиот ривал Воска Спорт, и на 14 август „генералка“ против Кораб од Дебар.

Стартот на новата сезона од Втората лига – Запад е закажан за 21 август.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!