Охрид во последните секунди стигна до голема победа над Металург

Ракометарите на Охрид одиграа одличен натпревар и запишаа голема победа над Металург со 27:26 во неизвесен завршеток од натпреварот покрај езерото, каде во последните секунди Тот постигна гол за второ суперлигашко славје.
Домашните ракометари одлично го отворија натпреварот и стигнаа брзо до три гола предност, за што Металург немаше решение за одличната игра на охриѓани кои на полувреме имаа водство до 15:12.
Во вториот дел од натпреварот гостинот од Автокоманда брзо стигна до израмнување, а потоа се поправи и дојде и до водство од три гола. Во последните минути од натпреварот Охрид заигра подобро и почна да ја топи предноста на Металург и стигна до 26:26. Во завршните секунда Денис Тот со ефектен удар од девет метри донесе голема победа за „гладијаторите“.
Денис Тот со шест погоди беше најдобар кај Охрид, а по пет гола постигнаа Крсте Андоновски и Бобан Блажевски. Кај Металург по шест погодоци постигнаа Поповиќ, Хорват и Додиќ.
Еден Коментар