Охрид со победа над Велазерими, Дрита го шокираше лидерот Скопје

Денес беа одиграни четирите натпревари од 22. коло од Втората лига – Запад.
Охрид 2:1 Велазерими
Фудбалерите на Охрид продолжуваа со одличната серија резултатите, откако на денешен терен стигнаа до нова победа над Велазерими со 2:1. Резултатот беше отворен во 45. минута со гол на Алији Бурхан за водство на домашните. Во 54. минута Имери Албулен израмни на 1:1, по пет минути игра Митев Робет ги постави конечните 2:1.
Дрита 3:2 Скопје
Екипата на Дрита стигна до најважната победа во борбата за опстанок, откако на домашен терен го шокираше лидерот со 3:2. Резултатот беше отворен во 18. минута со гол на Асани Шпенд за водство од 1:0 над Дрита. Во 36. минута домаќините го дуплираа водството на 2:0 со гол на Алији Елмир постигнат од пенал. Во 82. минута со втор пенал за Дрита резултатот беше 3:0, а успешно реализираше Алији. Една минута подоцна Скопје преку нововлезелниот Настевски Иван намали на 2:1, а во 85. минута Јанакиевски Иво ги постави конечните 3:2 со гол постигнат од пенал.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Тетекс 1:0 Кадино
Тетекс на домашен терен славеше над Кадино со минимални 1:0 во големата победа во борбата за опстанок. Стрелец на единствениот гол кој падна во 6. минута беше Ајдини Ринор.
Кораб 2:0 Гостивар
Кораб го запиша осмиот тримф во сезоната и тоа против фаворитот Гостивар, откако на домашен терен со 2:0 беше подобар противник. Резултатот беше отворен во 18. минута со гол на Колеци Дриљон, додека конечните 2:0 беа поставени во 67. минута со погодокот на Зеќири Рихан.